МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРУПАТА „А“ КЕ ПРОДОЛЖИ НА 21 ОКТОМВРИ А ГРУПАТА „Б“ НА 22 ОКТОМВРИ

Суперлигашки ракомет, најверојатно повторно ќе се игра од 21 октомври, иако претходно беше најавено дека групата „А“ ќе стартува од 14 октомври. Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека планот за продолжување на натпревари би требало да се реализира за десетина дена. Натпреварувањето во групата „А“ беше прекинато пред скоро еден месец, додека групата „Б“ престана да игра пред три недели. Групата „А“ најверојатно ке стартува на 21 октомври со третото коло, а ќе има отстапка за следните кола кои нема да се играат по системот петок - понеделник и ќе бидат во забрзан ритам. До стартот на ЕХФ неделата ќе се игра уште на 23, 25, 28 и 30 октомври, со што ќе биде заокружен првиот круг од Суперлигата. Тимовите од групата „Б“ ќе стартуваат со натпревари од петтото коло на 22 октомври. До краjoт на месецот ќе има натпревари на 25 и 29 октоври, а на 17 октомври би требало да биде одигран заостанатиот натпревар меѓу Металург и Работнички.

По ЕХФ неделата, коja кe се случи од 2 до 8 ноември, ќе биде познато дали ќе се одиграат уште седум кола.

м.в.