МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките ракометари утре во салата Јасмин ке го пречекаат Радовиш

Викендов се играат средбите од 11 коло во машката ракометна суперлига. Колото стартува денеска со средбите Металург - Скопје и пелагониското дерби Прилеп-Еурофарм Пелистер. Во сабота се срекаваат Пролет - Бутел и Еурофарм Пелистер 2 - Охрид.

Во Кавадарци ГРК Тиквеш го пречекува тимот на Радовиш. Заради квалитетот и пласманот на табелата кавадарчани на хартија ја имаат фаворитската улога. Со победа избраниците на Горан Андоновски пред своја публика ке ја продолжат трката за пласман во плеј оф групата. Средбата ГРК Тиквеш - Радовиш се игра во сабота од 20.30 ч. Во недела својот натпревар ке го одиграат Струга и Вардар.М.В.