КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ СТАРТУВАА И СО КОНТРОЛКИТЕ . СО МЕТАЛУРГ ОДИГРАА СРЕДБА СО 63 ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ

Ракометарите на „Тиквеш“ многу сериозно се подготвуваат за продолжението од сезоната предводени од новиот тренер Горан Андоновски. Тие почнаа и со одигрување на контролни натпревари. Противник им беше првиот тим на „Металург“ а допрва треба екипата да ја темпира формата за стартот на пролетниот дел. Екипата на „Металург“ откако доживеа порази од Вардар и Беса но и одигра нерешено со косовскиот тим, славеше на последниот натпревар пред нивното заминување во Москва.Во салата во Автокоманда металурзите славеа над „ГРК Тиквеш“ во натпревар со 63 постигнати погодоци кој заврши 33-30. „Металург“ сега го чекаат натпревари од Лигата на Европа против „Чеховски Медведи“, „Тулуз“, „Висла Плоцк“, „Фиверс“ и „Адемар Леон„.Нашите ракометари пак ке се подготвуваат за борбата за опстанок во суперлигашкото друштво, која треба да стартува во првиот викенд од месец март. Дотогаш ке има уште многу контролни средби се со цел Андоновски да ги согледа вистинските можности на секој поединец да се востанови постои ли во тимот слаба карика и апсолутно подготвени да се обидеме да стигнеме до опстанокот во елитата.

м.в.