МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нашите ракометарки како домакини во Скопје ке играат со Холандија, Франција и Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците за претстојното Европско првенство што ќе се игра во нашата земја, Словенија и Црна Гора. Македонија ќе биде домаќин на групата Ц. На вчерашниот жреб нашата селекција за противник ја доби Холандија, светскиот првак од 2019 година, потоа Франција и Романија. Сите три селекции имаат освојувано трофеи на големите натпреварувања, а биле и светски шампиони. Во групата А која ке игра во Љубљана се селекциите на Унгарија, Хрватска, Швајцарија и Норвешка. Целјее домакин на групата Б а таму ке играат Словенија, Шведска, Србија и Данска додека Црна Гора, Германија, Шпанија и Полска се дел од групата Д која ке игра во Подгорица. Во главната рунда продолжуваат најдбрите три селекции од секоја група. Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември, а натпреварите во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

М.В.