МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во доминантна игра кавадаречките ракометари славеа со убедливи 34-27

Екипата на ГРК Тиквеш во шестото коло од суперлигата дојде до втората победа сезонава, а триумфот против Прилеп беше изразен со резултат 34:27 во својата сала и со старо-новиот тренер Горан Андоновски. Кавадарчани беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот. Во 10 мин гостите водеа со 5-6 а во наредните 10 мин домакинот со серија од 6-0 стигна до 11:6 и потоа оваа предност се одржуваше. На одмор кавадарчани заминаа со 15:12, но овие три гола не беа гаранција за триумф. Прилепчани успеваа да се одржат во ритам, но не и да направат нешто повеќе. Не успеаја да намалат повеќе од три гола, па во финишот домашните зададоа нов удар и зголемија на безбедни шест гола, 28:22. Со сигурна игра кавадарчани ја заверија победата и прокнижија нови бодови со што се вратија на патеката која беше планирана пред почетокот на сезоната. Јанчев и Гичев воопшто не влегоа во игра па затоа Дрогришки беше најефикасен со 9 погодоци, Трпчевски даде 7 а Симиќ 6. Кај Прилепчани Чантурија и Милошевски постигнаа по 8 погодоци. Во останатите средби од ова 6 коло Вардар - Металург 38-30, Охрид - Еурофарм П. 25-27, Струга - Пролет 21-24, Скопје - Еурофарм П. 2 24-29 и Радовиш - Бутел 21-22. На табелата води Вардар со максимални 18 бода пред двата тима на Еурофарм П. и Пролет со по 15. Тиквеш и Прилеп го делат 7 и 8 место со по 6 бода.Во следното коло претстојниов викенд кавадарчани го играат клучниот натпревар за пласман на гости кај Еурофарм П.2. Потоа ги чека уште едно гостување на последнопласираното Скопје. Доколку сакаат да размислуваат за плеј оф ГРК Тиквеш на овие две средби мора да оди на победа

М.В.