МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадаречките ракометари во дербито во салата Јасмин го совладаа Охрид со 25-23

ГРК Тиквеш - Охрид. Вистинско дерби. Одамна салата Јасмин не била така исполнета. 50-тина Лозари направија фешта на трибините. Ракометарите на Тиквеш забележаа и повеќе од значајна победа од 25-23 против најблискиот конкурент на табелата. Првото полувреме израмнето а ниедна екипа не успеа да се одлепи. Сепак домакинот во финишот на полувремето казни неколку грешки и на одмор заминаа со 13-10. Во второто полувреме продолжи резултатската неизвесност. Охриѓани неколку пати доаѓаа до минус 1 но Тиквеш не дозволуваше противникот да се размавне. Кавадарчани одиграа поорганизирано во нападот а голманот Велков одбрани три седмерци по ред за заслужена конечна победа од 25-23. Најефикасен кај домашните беше Страхиња Симиќ со седум гола, а пет постигна Дарко Кондев. Кај охриѓани се издвои Мице Шилегов со осум гола, а Андоновски заврши со пет погодоци. И наместо да се поздрават по натпреварот се случи инцидент. Но да тргнеме по ред. Шилегов во текот на целиот натпревар неспортски гестикулираше и ја провоцираше публиката. Додиќ беше доста нервозен и заради прегрубите стартови по само 12 мин игра заработи 2 исклучувања. Токму Додиќ беше еден од иницијаторите на инцидентот бидејки наместо да се поздрави тој сакаше да се пресмета со некои кавадаречки ракометари. Тренерот на Охрид, Стојановиќ дотури масло на огинот. Тој како да заборави дека токму во салата Јасмиин ги покажа своите квалитети како играч па и тој продолжи со провокациите и расправиите со публиката и домашните играчи. За среќа со брза реакција на редарите и кавадаречката полиција тензиите брзо се смирија.

М.В.

666