МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поради казната кавадарчани ке немаат помош од публиката

Во машката ракометна суперлига викендов ке сe одиграат неколку интересни дуели во рамките наа 14 коло.

Кавадаречките ракометари вечерва од 19 часот во празната сала Јасмин заради казната играат многу важен натпревар за пласман во плеј офот а противник им е екипата на Бутел. Во останатите дуели Еурофарм Пелистер е фаворит на гостувањето кај Струга. Во дербито на дното играат Скопје и Радовиш,а неизвесно се очекува да биде на средбите Прилеп - Пролет, Вардар - Охрид и особено на средбата Еурофарм Пелистер 2 - Металург.Интересно ке биде и на прволигашките дуели. Лидерот во групата А екипата на Вардар од Неготино е фаворит на домашен терен против Партизан исто како и Младост која го пречекува Борец. Мини дербито за врвот ке го одиграат Драчево и Јехона а последната Преспа го пречекува претпоследниот Шампион. Во групата Б водечките екипи гостуваат. Алкалоид кај Астраион, Голден АРТ кај Македонија ЃП а Јуниор КВ кај Металург РА.Во останатите средби од оваа група се срекаваат Куманово - Кичево и Аеродром - Текстилец.

М.В.