МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заради изборите фудбал, ракомет и кошарка само во сабота. Фудбалерите на Тиквеш утре го пречекуваат лидерот Шкупи

Локалните избори направија хаос во термините за одигрување на натпревари во повеке спортови па затоа сабота како ден ке биде пренатрупана со спортски настани.

ФУДБАЛ

Кај фудбалските прволигаши на програмата се средбите од 10 коло. Најинтересно се очекува да биде во Кавадарци каде Тиквеш со Влатко Костов на клупата го пречекува лидерот Шкупи. Во останатите средби : Струга-Борец, А.Пандев-Шкендија, Работнички-Скопје, Ренова-Пелистер и Брегалница-МакедонијаЃП. Сите средби се играат во сабота од 14 часот.Кај второлигашите екипата на Локомотива од Градско со новото тренерско трио на клупата Пановски-Глигоров-Панов и неколку нови имиња во ростерот му гостува на тимот на Детонит Јуниор. На фудбалскиот исток се среќаваат Победа-Братство, Беласица-Осогово, Кит Го-Слога, и Кожув-Саса. Распоредот за западната конференција е следен: Вардар - Охрид, Гостивар-Силекс, Кораби-Тетекс, Воска-Кадино и Велешта-Беса. Сите второлигаши играат утре, сабота од 14 час.

РАКОМЕТ

Средбите од 7 коло од машката ракометна суперлига на програмата се исто така во сабота. Се среќаваат: Еурофарм Пелистер-Скопје, Бутел-Охрид, Металург-Радовиш,Пролет-Вардар и Прилеп-Струга. Ракометарите на ГРК Тиквеш имаат важно ги тешко гостување во Битола кај Е.Пелистер 2 а средбата почнува во 18.30. Кај ракометните прволигаши на програмата е 5 коло а дербито се игра во Богданци каде утре од 17 ч. се среќаваат досега непоразените Младост и Вардар Неготино.

КОШАРКА

Кошаркарите во сабота го играат третото коло а се срекаваат МЗТ 2 - Гостивар, Куманово- ТФТ, Работнички - Ангели и Кожув - ФМП. Поради настапот во АБА 2 лигата средбите Пелистер- Феникс и Еуроникел - МЗТ ке се одиграат во понеделник.

М.В.

243452983_425486292339382_1592112705783328352_n 244353374_226232062875954_1007294311994595951_n 244392636_577544256720954_9014678779600914319_n (1)