МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Диви дебитираше на клупата со победа од 32-14

Викендов стартуваше пролетниот дел од сезоната во двете втори ракометни лиги лиги. Во групата А се сретнаа Работнички – Јехона 35-20, Преспа – Партизан 29-20 и Драчево – Борец 34-27.

Дербито се одигра во Неготино каде лидерот Вардар го пречека директниот конкурент за првото место екипата на Младост од Богданци. На клупата на Вардар и повеке од успешно деби како тренер имаше легендата Петар Ангелов Диви. Богданчани парираа дваесетина минута по што Неготинчани превзедоа се во своуи раце и на полувреме водеа со 14-7. Во второто полувреме блесна голманот Мицев кој ги откажа сите надежи на гостите и со 15 одбрани го одведе својот тим до убедлива победа од 32-14. Најефикасен кај Вардар беше Ташев со 6 погодоци а 4 додаде Орхан Емини кој дојде од Јехона.Вардар остана прв на табелата со 3 бода повеке од Драчево но во следното коло неготинчани се слоободни а веднаш потоа ги чека дербито со Драчево нагости.Во групата Б се постигнаа следниверезултати. Куманово – Текстилец 37-15, Кичево – Алкалоид 17-50, Аеродром - Голден Арт 21-30, Астраион – Јуниор КВ 16-24 и Македонија ЃП – Металург РА 36-42. Во оваа група прв е Алкалоид со 3 бода повеке од Голден Арт и 4 од Јуниор КВ.

м.в.