МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река му гостува на фенерџијата Велес а Клими.мк го игра дербито на гости против Форца

Екипите од првата македонска футсал лига овој викенд ке ги одиграат средбите од 16 коло. Дербито на колото ке го одиграат третопласираниот Арбен Бајрами и лидерот на табелата тимот на Шкупи. Актуелниот шампион Проект има лесна задача на гостувањето кај Шкендија. Тимот на Црна Река го очекува гостување кај Велес.Јувентус Серава игра дома со Железарец а Карадаку го пречекува Енхалон. На табелата води Шкупи со 42 бода пред Проект со 39 и Арбен Бајрами со 27. Црна река го дели 5 место со тимот на Картадаку. Двете екипи собраа по 18 бодови.Во втората македонска футсал лига ке се одигра 13 коло. Дербито го играат лидерот Форца и третопласираниот тим на Клими. Кеги Моби е фаворит на домашен терен во дуелот со СФК Проект.Мал Ајакс го пречекува Овче Поле, Конзули се фаворити против Кардашлк а комшиското дерби ке го одиграат Астибо и Црешово Топче. На табелата води Форца со 30 бодови пред Кеги Моби и Клими кои имаат по 28.

М.В.