МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата на Вардар од Неготино гостува кај Работнички во обидот да ја сочува првата позиција на табелата

Заради репрезентативни обврски и овој викенд нема да има суперлигашки ракомет но затоа прволигашите ке си го одиграат редовното 16 коло. Во групата А лидерот Вардар од Неготино ке има тешко гостување кај Работнички во обидот да го задржи врвот на табелата. Младост кој има ист број бодови со Вардар како фаворит му гостува на Шампион а и Драчево кој заостанува само бод зад водечките е фаворит на гостувањето кај Преспа. Јехона не би требало да има проблеми дома со Борец. Во групата Блидерот Алкалоид ке го одигра дербито со Јуниор КВ додека Голден Арт ке му гостува на незгодното Куманово. Во останатите средби се среќаваат Текстилец – Металург РА, Кичево – Македонија ЃП и Аеродром – Астраион

М. Виденовиќ