МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вардар во Неготино игра со Преспа а во групата Б се игра дербито Голден Арт - Алкалоид

Ракометните прволигаши ја продолжуваат битката за место во плеј оф разигрувањето. На програмата се средбите од 17 коло. Во групата А Драчево е слободно па Вардар и Младост имаат можност повторно да се одлепат на + 3. Неготинчани се фаворити во дуелот со Преспа, средба која треба да се одигра утре со почеток во 18 часот. Младост во недела го игра дербито со Работнички. Партизан игра со Јехона а Борец го пречекува Шампион.Во групата Б колото ке го одбележи големото дерби помеѓу Голден Арт и Алкалоид, Јуниор КВ е голем фаворит во дуелот со Текстилец. Останатите екипи кои претендираат за висок пласман гостуваат. Куманово кај Астраион а Аеродром кај Македонија ЃП. Металург РА ке се обиде да ја искористи предноста на домашен терен во дуелот со Кичево.

Мики Виденовиќ