МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО ДВЕТЕ КОНТРОЛКИ СО ЕКИПИ КОИ КЕ ИГРААТ ВО ПЛЕЈ ОФОТ РАКОМЕТАРИТЕ НА ГРК ТИКВЕШ ДВАПАТИ БЕА ПОРАЗЕНИ

И во вториот контролен натпревар ракометарите на „ГРК Тиквеш“ беа поразени. Овој пат на домашен терен во салата „Јасмин“ тие одиграа пријателски натпревар со тимот на „Струга“ и беа поразени со 28:31. Од друга страна за стружани по двете победи над „Прилеп“ во првите контролни средби ова беше трета победа во серија. Да потсетиме дека „Струга“ ќе игра во разигрувањето за шампионската титулата додека „Тиквеш“ ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво. Тренерот Андоновски воопшто нема да има лесна задача бидејки сите противници во плеј аутот оваа пауза ја искористија максимално да ги засилат своите редови и донесоа квалитетни ракометари најмногу од странство, додека „Тиквеш“ донесе само засилување на голманската позиција сега за сега. Ростерот е ист од есенскиот дел а Андоновски мора брзо да востанови на која позиција чкрипи и да одлучи дали ке бидат потребни односно неопходни нови имиња во составот. Веке е закажан и третиот контролен натпревар а нашите ракометари претстојниов викенд ке патуваат за Битола на мегдан со екипата на „Еурофарм Пелистер 2“, уште една екипа која ке игра во плеј офот.

м.в.