МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нов член на кавадаречкиот прволигаш може да стане левиот бек Арнад Хамзиќ

Полека но сигурно ГРК Тиквеш го создава тимот за претстојната сезона. Од клубот си заминаа левиот бек Јане Јанчев, десниот бек Дејан Гошевски, голманот Александар Стојаноски и тренерот Горан Андоновски, а раководството на клубот успешно ја продолжи соработката со српските интернационалци, средиот бек Страхиња Симиќ и кружниот напаѓач, Никола Стефановиќ. Ангажиран беше Данило Бретовац како нов шеф на стручниот штаб а се шпекулира и со довчерашниот голман на Охрид, црногорецот Јагош Брауновиќ. Последните шпекулации велат дека Тиквеш е близу да го ангажира левиот бек од БиХ Арнад Хамзиќ. Се работи за ракометар, кој во својата кариера има и интернационално искуство со настапите во Италија. Хамзиќ потекнува од Коњух Живинице, клуб со кој во сезона 2017/18 настапуваше во рамки на тогашниот Челинџ Куп. 29 годишниот ракометар го носеше дресот и на Слобода од Тузла, а минатата сезона настапуваше за италијанскиот клуб Бриксен. Со екипата на Бриксен играше во плеј-оф фазата во најквалитетното натпреварување во Италија, откако во регуларниот дел клубот заврши на 4. позиција. Инаку Хамзиќ во Италија пристигна во текот на 2020 година кога потпиша едногодишен договор со Конверзано и во првиот интернационален предизвик ја освои шампионската титула во италијанското првенство.

М.В.