Неготинчани со овој бод останаа на третата позиција зад фаворизираните Алкалоид и Голден Арт.
Ракометните суперлигаши паузираа заради настапот на сениорската репрезентација но затоа прволигашите го одиграа 4 коло. Во плеј оф групата Голден Арт очекувано беше убедлив против Работнички со 40-21. Вардар од Неготино се врати со бод од гостувањето кај Аеродром играјќи 24-24. Јуниор КВ беше сигурен со Јехона во победата од 37-26. И Куманово лесно го доби Младост со 29-18. Денеска ке играат Алкалоид и Драчево.Во плеј аут групата Кичево - Борец 31-32, Текстилец - Партизан 41-35, Македонија ЃП - Шампион 34-23 и Астраион – Преспа 26-22.
М.В.