Полуфиналните средби во машка и женска конкуренција предвидени се за 13 и 14 мај

УО на РФМ потврди дека домаќин на двата завршни турнири во машка и женска конкуренција во Купот на Македонија во ракомет за оваа сезона ќе биде салата „Јасмин“ во Кавадарци во периодот од 13 до 15 мај, Кај дамите, за трофејот ќе се борат Чаир, Металург, Ѓорче Петров и Куманово, а полуфиналните средби во оваа конкуренција би се играле на 14 мај. Кај мажите, за трофејот ќе се борат Бутел Скопје, Вардар, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а полуфиналните средби би требало да се играат на 13 мај. Двете финалиња ќе се играат на 15 мај, а меѓу нив ќе биде одигран меморијален натпревар во чест на Марко Божиновски меѓу кадетската екипа на Бутел Скопје и кадетската репрезентација на Македонија.

М.В.