Управата на клубот ја чека работно лето за да се состави тимот за следната сезона

Екипата на ГРК Тиквеш имаше една од поуспешните сезони во машката ракометна суперлига и малку фалеше да обезбеди учество на меѓународна сцена. Кавадаречкиот клуб плеј-офот го заврши на петтата позиција на табелата со ист број бодови со Еурофарм Пелистер 2, но поради правилата на РФМ за гол во гости остана без излез во Европа. Сезоната заврши а раководството на ГРК Тиквеш веќе интензивно работи на доведување на нови имиња, со кои ќе го подигне квалитетот на тимот и во новата сезона исто така да атакува на местата кои што водат во натпреварувањата на ЕХФ. Позиции кои што најверојатно ќе бидат пополнети се десен и лев бек, а на трансфер-пазарот ќе се бара и голман. Во новата сезона дресот на Тиквеш нема да го носат Дејан Гошевски, кој направи трансфер во Голден Арт, како и искусниот Јане Јанчев кој се пресели во Германија. Раководството на клубот ќе треба да бара и нов тренер, затоа што Горан Андоновски се врати во Охрид. Кавадарчани во сезоната која што е зад нас беа едни од најпријатните изненадувања во Суперлигата и тим кој со својата борбена игра им направи многу проблеми и на најдобрите екипи во лигата.

М.В.