МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Српскиот среден бек постигна 187 гола на вкупно 32 одиграни натпревари

Секогаш по завршувањето на сезоната во поедини спортови се прават анализи и статистики за одработеното во разни класификации. Истите ги работат кубовите но и федерациите. На тој начин се одредувааат најдобрите поединци, стрелци, асистенти, скокачи и сл. По завршувањето на сезоната во ракометната суперлига нормално е поголемиот дел од најдобрите да бидат дел од клубовите кои завршија на врвот - како Еурофарм Пелистер или Вардар. Но и ГРК Тиквеш има свој поединец односно го има најдобриот стрелец во елитното македонско друштво. Тој беше надобар по завршувањето на регуларниот дел од сезоната, а така и остана и по плеј-офот. Стаанува збор за средниот бек на Тиквеш, Страхиња Симиќ. Тој ги одигра сите 32 меча за кавадаречкиот тим (22 во регуларниот дел и 10 во плеј-офот) и успеа да постигне 187 погодоци или во просек по 5,84 гола на натпревар. Втор на листата на стрелци е членот на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ, кој успеа да постигне 172 гола, но црногорското лево крило одигра два меча помалку од Симиќ. Мајиќ во просек постигнувал по 5,73 гола по натпревар. Трет на листата на стрелци е рускиот ас Тимур Дибиров, кој постигна 154 гола. Левото крило на Вардар одигра само 25 меча. Убава вест за кавадарчани е фактот што Симиќ и следната сезона ке ги тероризира гостинските голмани во дресот на ГФК Тиквеш.

М.В.