МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Честитка за празникот на градоначалникот на Општина Кавадарци- Александар Панов

„На овој историски ден во 1941 година во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба.

Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11 октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.

Денес после 75 години споменот на 11 октомври и на Народно ослободителната борба, не бледнее. Наследството кое ни го оставија македонските борци-слобода и мир нема да дозволиме никогаш да ни биде одземено и загрозено.

На овој голем празник уште еднаш да потсетиме дека борбата на денешните генерации кавадрчани и македонци треба да биде посветена на економскиот просперитет. Борба за секое новотворено работно место. Вложувања во образованието, здравството, инфраструктурата, во изградба на патишта, како и помош за нашето земјоделие.

Тоа е нашата денешна борба која ја темелиме на споменот и почитта кон НОБ и сите претходни револуционери од Кавадарци и Македонија кои ги дале своите животи или се вградиле себе си во развојот на Македонија.“

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!