МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 12 септември 1932 година. Во Кавадарци е формиран Фудбалскиот клуб “Монополски“. Формиран е по иницијатива на Јанко Јанковиќ и Александар Хадкинсон.

Неговото име кажува дека тоа бил клуб на монополските работници, а Монополот бил и главен финансиер на клубот .Самиот чин што Хадкинсон играл за овој клуб многу кажува за него бидејќи тој бил еден од најдобрите фудбалери во Македонија во тоа време. Клубот бил добро организиран имал свој печат и амблем а играчите членски книшки. Монополски се натпреварувал со екипи од Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Кавадарци и др.