МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Mалолетникот се здобил со видлива повреда на левата рака. Ова го потврди денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Настанот се случил кај местото викано “Антена”.

-Додека група од деца си играле, кај нив поминало лицето И.Т.(18) шетајќи го неговото куче од раса шарпланинец врзано со ланец, но без заштитна корпа. Кога кучето дошло до едно од децата, десетгодишен малолетник, скокнало и го каснало за левата рака, при што, му нанело видлива телесна повреда, соопшти Додевски.

Детето било пренесено во најблиската приватна здравствена ординација, каде му била укажана медицинска помош.

Настанот бил документиран од страна на овластени службени лица од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

Инаку на социјалните мрежи во Кавадарци вчера можевме да прочитавме за сериозен напад на глутница скитници на дете во близина на хотл „Фе-ни“, кое било спасено благодарение на интервенција на повозразно лице.Гневот, на родителите и блиските сосема оправдан,со оглед на тоа што се работи за човечки живот, и опасност од негово загрозување.

Веројатно вакви случаи има повеке , а лугето не ги објавуваат јавно.Затоа час поскоро новата локална власт треба да преземе интервентни мерки, особено со кучињата скитници кои буквално никој не ги контролира а слободно шетаат таму каде и лугето.Предупредувањето и сериозноста на прашањето е како не би се случило до сериозни укасувања како во Скопје.Порака со сопствениците на кучиња , да ги шетаат своите миленици со корпи на устата, и тоа да го прават на места каде има помала фрекфенција на луге.