МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На изложбата беа претставени околу 100-тина етнолошки предмети кои се дел од збирката на етнолошки предмети во сопственост на Музеј на град Неготино. Изложените предмети се изработени од метал, дрво, керамика, текстил и стакло, изработени од локалните мајстори занаетчии и потекнуваат од околните селски населби од општина Неготино како што се селата: Долни и Горни Дисан, Вешје, Војшанци, Бистренци, Криволак, Тимјаник и др.

Изложбата беше реализирана со поддршка на Министерството за култура, ќе на отварањето за неа говореше м-р Анита Ѓорѓиоска, етнолог од Музеј-Куманово.На присутните им се обрати директорката на Установата Музеј на град Неготино-Драгица Чекорова која не го криеше задоволствто од поставката на вака вредна етнолошка изложба .