МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НЕКОИ СЛАВЕА А НЕКОИ РАБОТЕА ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНУВАЊАГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО , ТОНИ ДЕЛКОВ ГИ ПОСЕТИ СЛУЖБИТЕ КОИ ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ СЕ ГРИЖЕА ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА НЕГОТИНЧАНИ

На преминот од 2020 во 2021 заради пандемијата со корона вирусот најголем дел од граѓаните на општина Неготино како и сите други во нашата мила Македонија вечерта ја поминаа во семејна атмосфера во своите домови. Заради специфичноста на работните задачи и обврски постојат и граѓани кои новогодишната ноќ ја поминаа на своите работни места извршувајќи ги своите работни обврски. И оваа година во пресрет на доаѓањето на Новата 2021 градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ги посети службите кои во новогодишната ноќ се грижеа за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Неготино. Тој престојуваше во Одделението за внатрешни работи Неготино и имаше работна средба со 15-те припадници на полицијата кои се грижат за безбедноста на граѓаните. Следуваше и посета на тројцата припадници на ППЕ Неготино а исто така не беа заборавени ниту 6-те дежурните здравствени работници во Итната помош при Здравствениот дом Неготино како и обезбедувањето на зградата на општина Неготино. Градоначалникот Делков во таа пригода на сите им посака да имаат што е можно помалку работни ангажмани и им ја честиташе Новата година со желби за се најдобро и од име на општина Неготино на сите им врачи пригодни подароци.

м.в.