МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување,а со логистика на Министерството за одбрана ,МВР и Министерството за здравство,денес на АП Криволак во акција беа уништени околу 600 неексплодирани убојни средства.

Според Аднан Џаферовски,директор на Дирекцијата,ваквите активности треба да се организираат секоја година во одреден временски период,по собирање на одредена количина од овие средства низ повеќе локации низ земјата.

- Овој нус е собран од територијата на целата држава и потекнува и од Првата и од Втората светска војна, и се со различни калибри.Генерално на целатат територија ги има овие неексплодирани убојни средства но најмногу има во Охридското езеро делот кај регионот кај Дојран и Демир Капија,изјави Џаферовски. Џаферовски посочи дека реакциите кај граѓаните се различни,некои совесно ги пријавуваат ваквите средства веднаш по нивното откривање додека пак други не воделе многу сметка за тоа и постапувале на сопствен ризик што е недозволливо,смета тој.

- Има совесни граѓани кои ги пријавуваат овие случаи но за жал има и такви кои не обрнуваат големо внимание на тоа и се преземаат на свој ризик мерки кои се недозволиви.Секогаш апелираме кога ќе се наиде на сомнителана ситуација или парче обавезно да пријават во најблиската полициска станица,смета тој. Процедурата е , кога вакви неексплодирани боеви средства ќе бидат пронајдени,истите ги подигаат пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување кои потоа ги складираат во посебни магацини и таму се чуваат до денот на уништување. Инаку,уништувањето на боевите средства во изминатиот период на армискиот полигон Криволак се одвиваше,секогаш два пати во текот на годината и тоа во пролет и есен .