МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СО ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ОПФАТЕНИ БЕА СОУ„СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА И УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДОТ

Денеска на две локации во општина Неготино се организираше финален настан кој го одбележа успешното завршување на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Настанот се одржа во паркот наспроти градскиот музеј во Неготино каде беа засадени 100 садници а присутните ги поздрави Ивица Златковиќ секретар на општина Неготино.

За бенефитите од проектот говореше Ванчо Петров, раководител на одделението за енергетска ефикасност. Да напоменеме дека проектот всушност е партнерска соработка на општините Неготино и општина Пела од Грција како и СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од Неготино и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција.

М.В.

442 443