МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ПРЕДВИДУВА И АСФАЛТИРАЊЕ НА ОВА ДЕЛНИЦА

Во рамките на реализацијата на годишната програма за работа на општина Неготино и врз основа на ветените проекти за спроведување пред граѓаните, започнуваме со реализација на уште еден капитален проект кој е од огромно значење на локалното население, а тоа е комплетна реконструкција и асвалтирање на патот од Неготино до Криволак или поконкретно од потегот од Пепелишкиот мост до центарот на селото.

По завршувањето на изградбата на 2 регионални патни правци од Тимјаник до Дисан во должина од 4,5 километри и од Курија до Паликура од 3 километри, како локална самоуправа продолжуваме со проекти за подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на општина Неготино.

Овој проект добива уште повеќе на тежина ако се знае дека станува збор за еден од најфреквентните патни правци во нашата општина, но и еден од најоштетените, и на кој, за жал, во минатото се случија неколку сообраќајни несреќи кои одзедоа и човечки животи.

Согласно проектната документација, ќе се реконструираат и асвалтираат 3 километри од патот кој од Неготино води до селото Криволак, при што постоечкиот патен правец ќе биде приширен и со ширина од 5,5 метри, на неколку места ќе бидат поставени потпорни зидови, како и еластична ограда, со што ќе дојде до елиминирање на постоечките проблематични точки на овој патен правец.

Потребните финансиски средства за комплетна реконструкција на патот Неготино-Криволак во висина од 20.000.000 денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски со кое општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во неготинска општина.

Очекуваме по завршувањето на работите, жителите на Криволак и сите оние кои имаат потреба да патуваат по овој патен правец кој меѓу другото води и до Армискиот полигон Криволак, да добијат модерен и современ пат кој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.