Вредноста на одобрениот буџет за општина Неготино изнесува 315.797 евра
По дадената согласност од општинскиот Совет, општина Неготино преку Одделението за локален економски развој и Одделението за енергетска ефикасност ќе го имплементира проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним „ЕНПОЛ-ЕЕ“ кој ќе се имплементира во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2014-2020 година. Водечки корисник на овој проект е општина Пела-Грција, општина Неготино e кориснк 2 ,корисник 3 е Корпорација за јавен интерес за култура и развој на општина Пела-Грција , СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од нашиот град е корисник 4. Вредноста на одобрениот буџет за општина Неготино изнесува 315.797 евра или 19.432.708,50 денари со финансирање во сооднос 85 отсто Европска унија и 15 отсто национално ко-финансирање, додека вредноста на одобрениот буџет за СОУ “Св. Кирил и Методиј“ е во иснос од 86,740 евра или 5.334.540,75 денари со идентичен сооднос во делот на финансирањето. По дадената согласност следува потпишување на договорот помеѓу 4-те корисници на средствата и договорот за субвенционирање. Овој проект за подобрување на енергетската ефикасност на територијата на општина Неготино ќе се спроведува во период од 22 месеци, од денот на потпишување на Договорот за партнерство од сите четири страни и Договор за субвенционирање кој го потпишува водечкиот корисник -општина Пела и Управувачкото тело при Министерството за економија и развој на Република Грција.
извор : www.negotino.gov.mk