МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За пријавување за натпреварувањето потребно е да се донесат по 2 мостри од вино и од ракија

И оваа година во рамките на одржувањето на манифестацијата „Недела на виното“ која општина Неготино традиционално ја организира во чест на празникот на лозарите и овоштарите „Св. Трифун“ ќе се одржи натпреварот за избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Мостри од вина и ракии можат да доставуваат сите заинтересирани производители, а квалитетот на истите ќе биде оценуван од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. За пријавување за натпреварувањето потребно е да се донесат по 2 мостри од вино и од ракија во општина Неготино на 3-ти кат кај лицето Ивица Златковиќ од 08,00 до 11,00 часот секој работен ден заклучно со петок 10-ти февриари, оваа година., а информации можат да се добијат на телефонскиот број 072-320-833 од 08,00 до 16,00 часот.

За најдобрите производители организаторот обезбеди пригодни награди и признанија.

преземено од www.negotino.gov.mk