Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Претседателот на советот Ристо Сакалиев и соработникот за спорт на Општина Кавадарци Боро Ѓорѓиев имаа состанок со спортските клубови и здруженија од Кавадарци.
„Целта на оваа средба беше директно вклучување на спортистите во плановите на општината за поддршка на спортот. Спортистите ги кажаа своите барања и идеи а општината вети дека сите ќе бидат рамноправни во однос на поддршка и развој на спортот. Ќе се формира и комисија од страна на спортските клубови која заедно со комисијата од советници ќе ги донесуваат важните одлуки и правилната распределба на стедствата кои се наменети за спортот„, се вели во соопштението од Кабинетит на градоначалникот Нитко Јанчев
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      