Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=2739
    [QUERY_STRING] => id=2739
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 43790
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 54.146.154.243
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => www.rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => www.rtk.mk
    [HTTP_USER_AGENT] => claudebot
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://www.rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1711621228.3243
    [REQUEST_TIME] => 1711621228
)
На иницијатива на адвокатка од Кавадарци, Уставниот суд укина одредби од Законот за виното


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Уставниот суд го укина членот 3 точката 28-а во делот: „наменето за извоз“, членот 16-а ставот 1 во делот: „наменето за извоз“, членот 17 ставовите 2 и 3 во деловите „наменето за извоз“, членот 18 ставот 1 во делот: „наменето за извоз“ и членот 19 ставот 1 во делот: „наменето за извоз“ од Законот за виното.

Во укинатите одредби се пропишуваше дека трговец со винско грозје е правно или физичко лице кое врши откуп на винско грозје наменето за извоз. Според адвокатката Надица Андова од Кавадарци, со оспорените и сега укинати одредби на Законот за виното се овозможувало откуп на винско грозје за производство на вино да вршат само производители на вино и трговци со винско грозје наменето за извоз, со што во неповолна положба биле ставени сите трговци кои откупувале винско грозје кое не било наменето за извоз, туку се пласирало на домашниот пазар.

„Трговците со винско грозје на тој начин немаат друг избор, освен да бараат пласман на винското грозје надвор од државата или да им го продаваат на домашните производители на вино кои ги исполнувале условите во согласност со Законот“, се посочува во Иницијативата.

Во Иницијативата адвокатката истакна дека оспорените одредби се спротивни на темелните вредности на уставниот поредок – владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото.

„Уставниот суд во својата уставно-судска практика во однос на членот 55 од Уставот (слобода на пазарот и претприемништвото) повеќе пати укажувал дека еднаквоста треба и мора да постои меѓу оние субјекти кои вршат идентична или комплементарна дејност (Одлука У.бр.94/2010, Решение У.бр.252/2010 и др.). Од содржината на оспорените одредби од Законот за виното произлегува дека тоа не е случај бидејќи откупувачите на грозје, односно трговците со винско грозје се ставени во различна положба во зависност од тоа дали грозјето е наменето за извоз или пак за пласман на домашниот пазар. Во отсуство на образложение за причините за воведување на овие измени на Законот за виното, Судот оцени дека за различниот третман на трговците со винско грозје наменето за извоз и оние кои откупуваат грозје за домашниот пазар не постои објективно и разумно оправдување, особено поради тоа што таквиот различен третман за откупувачите на грозје наменето за домашниот пазар, нема за последица само ограничување, туку значи целосно изземање и неможност за вршење на дејноста откуп на грозје“, посочуваат од Уставниот суд во одлуката.

М.В-

www.Akademik.mk

https://www.akademik.mk/na-initsijativa-na-advokatka-od-kavadartsi-ustavniot-sud-ukina-odredbi-od-zakonot-za-vinoto/