Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3391
    [QUERY_STRING] => id=3391
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 37759
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.17.28.48
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => www.rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => www.rtk.mk
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://www.rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1713540438.2899
    [REQUEST_TIME] => 1713540438
)
/Видео/ Министерот Николовски ги посети откупните пунктови за грозје


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамки на посетата на овој регион, Николовски ги посети откупните пунктови за грозје, а во текот на денот ќе имаше средби со лозари на кои што ќе се разговара за актуелнаа берба и откуп на грозјето, за мерките кои ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанството за развој на агро секторот, како и за придобивките што земјоделците ќе ги имаат од членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Младите земјоделци до 40 години од денеска ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло, и отворање на сопствен агробизнис, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој што денеска е на средби со граѓани во кавадаречкиот регион.

Министерот Николовски посочи дека мерката е преку Програмата за рурален развој за 2018, и оваа година има промени во критериумите, се со цел да им се даде шанса на невработените млади земјоделци. Конкретно, најмногу бодови при аплицирањето ќе добијат оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. Исто така, за прв пат оваа година, приоритет се дава на младите луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации, и инвестиции во опрема. Приоритет при одобрување на апликациите ќе имаат невработените, регистрираните земјоделци и оние кои имаат уредна апликација.

„Огласот е објавен денеска и ќе трае во следните 30 дена. Оваа година согласно критериумите, се фокусираме на младите луѓе кои ќе ги поддржиме со неповратни 10.000 евра. Предност имаат лицата невработени повеќе од две години, членови на земјоделски задруги, оние кои што сакаат да инвестираат во сточарството, и младите кои се занимаваат со органско производство. Токму со оваа мерка ќе придонесеме кон зголемување на добиточниот фонд, инвестиции во набавка на опрема за постбербени активности, инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло.Очекувам голем интерес од младите земјоделци, кои секогаш ќе ја имаат поддршката од Владата“,изјави Николовски.

Минатата година се склучија 424 договори со млади земјоделци кои добија неповратни 10.000 евра. Парите доделени беа во најголем дел беа наменети за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети. Николовски посочи дека парарелно преку МЗШВ и Платежната агенција е започнат процесот на акредитација на Мерката за рурална јавна инфраструктура преку ИПАРД програмата, а која што е наменета за општините.

“Тоа се дополнителни 10 милиони евра за кои ќе можат да конкурираат општините на почетокот на следната година. Општината Кавадарци веќе користи финансиски средтсва од европските фондови, досега во износ од околу 4 милиони евра. Членството во НАТО и ЕУ е важно, бидејќи ќе се зголеми финансиска поддршка за преку европските фондови, за општините, што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард и задржување на младите во нашата земја“, порача Николовски.

Во рамки на посетата на овој регион, Николовски ги посети откупните пунктови за грозје, а во текот на денот ќе имаше средби со лозари на кои што ќе се разговара за актуелнаа берба и откуп на грозјето, за мерките кои ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанството за развој на агро секторот, како и за придобивките што земјоделците ќе ги имаат од членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.