Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3619
    [QUERY_STRING] => id=3619
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 44879
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.14.70.203
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => www.rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => www.rtk.mk
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://www.rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1713993393.9898
    [REQUEST_TIME] => 1713993393
)
(Видео) Една година градоначалник


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На прес конференција денеска градоначалникот Митко Јанчев поднесе отчет за едногодишното водење на Општина Кавадарци. На јавниот прес присуствува:Претседателот на Советот, координаторите на советничките групи на ОО СДСМ и ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци, претседателите на двете најголеми политички партии на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадрци, како и раководителите на административните органи во Општина Кавадарци.

Почитувани граѓани,

Помина една година откако ја извршувам функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци. Оваа измината година не беше ни малку лесна. Поминав низ голем предизвик и заедно со службите напорно работевме за да го измениме ликот на Кавадарци во подобро. Предизвикот да станам Градоначалник и да се соочувам со големите обврски и задолженија беше силен од самиот почеток. Но таа силна желба за соочување со овој предизвик продолжи да трае се до денес и ќе трае и наредните години затоа што од самиот почеток започнавме со едно мото кое и понатаму ќе ни биде водилка а тоа е “Кавадарци на прво место“.Довербата што ми ја дадовте е силен мотив за поголеми успеси.

На почетокот не беше лесно, но кога се работи со тим кој сака да работи и секојдневно да учи нови работи, лесно е. Со службите создадовме еден интерен систем за работа кој засега се покажа како успешен и се надевам дека во иднина ќе постигнуваме уште поголеми резултати.

Во периодот од формирањето на Советот на Општината -14.11.2017 година до денес Советот на Општина Кавадарци има одржано 17 редовни седници и 6 вонредни седници на Совет .

Усвоени се:

- Извештаите и Програмите за работа на сите основни и средни училишта во градот,

- Извештаите и Програмите на сите јавни институции во Општина Кавадарци;

- Извештаите и Програмите на сите Јавни Претпријатија чиј оснивач е Општина Кавадарци;

-Донесени се 20 Програми за редовното работење на Секторите во Општина Кавадарци;

Донесени се 359 Одлуки .

Речиси сите одлуки беа едногласно изгласани. Тоа покажува дека Советот на Општина Кавадарци работи за доброто на нашиот град. За мене претставува задоволство и имам голема благодарност до сите советници, и се надевам дека и во иднина ќе се носат одлуки кои ќе бидат од големо значење за нашата општина.

Со мене денес е Претседателот на Советот на Општина Кавадарци г-дин Ристо Сакалиев, Советниците координатори на политичките партии , Претседателите на политичките партии во Општина Кавадарци г-дин Зоранчо Јованчев Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Кавадарци и г-дин Горан Тодоров Претседател на ОО СДСМ Кавадарци , како и раководителите на секторите со кои секојдневно, напорно и транспарентно работиме. Поддршката од овој тим беше значајна во реализирањето на проектите во изминатата година.

Општина Кавадарци во текот на оваа година беше домаќин на неколку културни манифестации кои го вратија сјајот на старото Кавадарци кое е познато по гостопримливиот народ и топлата насмевка. Празникот св.Трифун, нашиот заштитник, го прославивме онака како што доликува за нашата општина, со закројување кое е појдовната точка за квалитетен и богат род и со многу гости. Тиквешкиот Гроздобер оваа година, без ни малку скромност, го достигна најдоброто издание до сега. Со рекорден број на посетители и задоволни домаќини. За овие манифестации од буџетот на Општина Кавадарци беа издвоени 6 700 000 денари. Се надевам дека со добра организација и во годината што следува ќе имаме уште поуспешни манифестации.

Кавадарци има успешно спортско минато, а ние се стремиме кон тоа нашата спортска иднина да биде богата со успеси и Кавадарци повторно да стане спортски град. Во оваа измината година над 11 000 000 денари се реализирани за спортски клубови, општински и училишни сојузи, за манифестации и проекти. Во оваа измината година се изгради и целосно нова спотска сала во ООУ Тоде Хаџи – Тефов, се надевам дека во доследно време Општина Кавадарци ќе нема училиште кое нема спортска сала.

Условите во основните и средните училишта значително се подобрија. Нашите деца заслужуваат најдобри услови во образованието. Големиот број награди и признанија кои ги добиваат кавадаречките ученици за нас е само дополнителен мотив за да вложуваме во нивното образование. Музичкото училиште оваа година доби нова концертна сала која значително ги подобри условите како и потребите на младите талентирани музичари.

Пуштивме во употреба нова детска градинка “Буба Мара“ со капацитет за сместување на околу 80 деца. Во моментот започна доградбата и на нови простории како и предвидена нова градинка во 2019 година на ул.Ресавска. Вложуваме напори во 2019 година целосно да се реши проблемот со капацитетот за сместување на децата во градинките.

Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во Општина Кавадарци во изминатата година земени се во работа 5284 предмети за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Донесени се 2764 позитивни решенија, 2015 негативни решенија со кои беше одбиено барањето за утврдување на правен статус поради некомплетна документација и 505 предмети кои се уште се во постапка за утврдување на правен статус.

Во текот на изминатата година асфалтирани се улици со вкупна површина од околу 19 000 метри квадратни, а поплочени со улици и тротоари со вкупна површина од околу 12 000 метри квадратни. Комуналната изградба со силен интензитет ќе продолжи и во 2019 година. Инфраструктурата во Општина Кавадарци е значително подобрена, ги реконструираме најфреквентните точки, Северен и Западен Булевар кои во 2019 година ќе бидат целосно готови.

Почитувани ,

Од денес излезе и печатената форма на Отчетот во кој ги собравме најголемите реализирани проекти во изминатата година, проектите кои се реализирани преку проектот “Мој општинар“, инвестициите во образованието, културата и спортот и инвестициите во ЈП Комуналец и нивната работа во изминатата година. Ова се дел од реализираните проекти, и ова е дел од реализираната предизборна програма со која заедно дојдовме до овој успех. Од ветената програма за 4 години досега имаме реализирано околу 60 проценти и реализирани многу проекти кои не беа предвидени во програмата а се од голема важност за жителите на Општина Кавадарци.

Сакам да изразам голема благодарност и до бизнис секторот кој оваа година донираше значително за доброто на нашата општина. Се надевам дека успехот кој го постигнавме оваа година ќе биде мотив и за наредните години, како општествено одговорни фирми да допринесувате во исполнување на мотото Кавадарци на прво место.

Јас, заедно со Советот на Општина Кавадарци, со кој секогаш едногласно ги донесуваме сите позитивни одлуки за нашата општина и службите, ќе работиме напорно и во следната година. Нашата цел е да ја исполниме во целост изборната програма, и да направиме уште многу дополнителни работи за една единствена цел “Кавадарци на прво место“.

Заедно со Вас, драги сограѓани сме горди на досегашниот успех, и заедно ќе продолжиме да го менуваме ликот на нашето Кавадарци, да создадеме општина во која младите ќе сакаат да останат , општина во која насмеани ликови ќе градат успеси и општина која ќе служи за пример.

Со почит,