Кавадаречките џудисти имаа одлично отворање на новата сезона освојувајќи девет медали на државното првенство во џудо на Македонија за пионери и сениори кое се оддржа во Скопје.
Во конкуренција на повеќе од 200 џудисти од сите клубови од земјата, џудо клубот Кожувчанка настапи со осум џудисти во пионерска и пет во сениорска конкуренција, притоа освојувајќи два златни, исто толку сребрени и пет бронзени медали.Златните медали завршија на градите на Игнат Петров во категоријатапионери до 38 килограми и Благица Колева во категоријата сениори до 78 килограми. Сребрени медали во освоија Марија Илиевска во категоријата до 48 килограми и Анастасија Михајловска до 63 килограми, додека бронзени одличја за освоено трето место добија пионерите Тоше Петров, Душко Јовески, Никола Петров, и сениорите Розе Милкова и Димитар Колев.Џудо клубот „Кожувчанка“ и Кавадарци ќе бидат домаќини на уште еден важен настан, овој пат државното првенство за помлади пионери и јуниори кое на 17-ти март ќе се оддржи во спортската сала „Јасмин“.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      