Денесka кавадаречката полиција подели едукативни флаери за граѓаните на кои се испишани најновите препораки од Владата и кризниот штаб на Македонија кои се однесуваат на спречување и ширење на Коронавирусот .Со овие флаери уште еднаш се потсетуваат граѓаните на задолжителното носење на заштитна опрема, што спаѓа по заштитна опрема, каде и кога да се носи, држење растојание од два метри и други задолженија и препораки кои мора да се почитуваат за да се спречи вирусот, за да се заштитиме себе си и нашите најблиски. Флаерите беа поделени во централното градско подрачје и во парковите каде имаше голема раздвиженост кај населението.
м.д.