КАВАДАРЧАНИ НЕ ГО ДАВААТ ВРВОТ И ОСТАНАА СО МАКСИМАЛЕН УЧИНОК И ПО 4 КОЛА
Четата на Горан Андоновски продолжува со одличните игри во суперлигашкиот плеј аут.По 4 одиграни кола тие се на врвот на табелата со максимален учинок откако славенички поминаа низ Радовиш совладувајки ја истоимената екипа со 27:32. Радовишани стартуваа слабо што го искористи тимот од Кавадарци и прво поведе со 1:5 за да на полувреме гостите водат и со 11:18. До крајот кавадарчани рутински ја контролираа и играта и резултатот и заслужено славеа со 27:32. Ова беше 4 пораз за радовишани на кои им претстои тешка борба за опстанок додека ГРК Тиквеш без пораз сигурно чекори кон место во ракометната елита и следната сезона. Кај Радовиш Илиев постигна 11 гола а кај ГРК Тиквеш најефикасен беше Јанчев со 6, Ѓорѓиоски и Медиќ дадоа по 5 а Лазов, Симиќ и Смињаниќ по 4
М.В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      