Кик боксерите од клубовите БУДО и КАВАДАРЦИ покажаа дека се дел од македонската и балканската елита и наскоро ке ги видиме на европското и светското првенство
Изминатиов викенд во Скопје се одржа 15-то Балканско првенство во Кик Бокс со учество на 221 натпреварувач од 8 држави. Кавадаречките кик боксери на ова првенство покажаа дека се дел од балканската елита со постигнатите резултати. Борците од Кик бокс клубот ,,Будо" Кавадарци постигнаа исклучителни резултати во дисциплините Кик Лајт и Лоу Кик и најавија дека веднаш продолжуваат со подготовките за предстојното Европско Првенство во Будва, Црна Гора. Милан Милошевиќ освои прво место во дисциплина Кик Лајт и стана балкански шампион. Во истата дисциплина Синиша Милошевиќ стана балкански вицешампион со освоеното второ местро. Олгица Орешкова исто така стана балкански вицешампион во дисциплина Лоу Кик со освоеното второ место. Со бронзени медали се закитија Кристијан Пешов и Гордан Пешов во дисциплината Кик ЛајтНа оваа балканијада учествуваа и три члена на Кик Бокс клубот Кавадарци и сите тројца се закитија со медали. Балкански вицешампиони станаа Филип Ризов и Филип Николовски додека со бронзен медал се закити Димитар Благојески. Со среброто од оваа балканијада Филип Ризов ја исполни пшотребната норма и за две недели ке земе учество на светското првенство во Унгарија
М.В.