Кавадарчани ке се обидат да парираат и да се надигруваат со фаворизираниот противник
Утре и задутре ракометните суперлигаши ке го одиграат 6 коло од плеј оф фазата. Утре, среда од 19 часот во салата Јасмин ракометарите на ГРК Тиквеш го пречекуваат тимот на Еурофарм Пелистер. Кавадарчани ке се обидат да парираат и да се надигруваат со фаворизираниот противник а публиката која ке дојде во салата Јасмин ке може да ужива во ракометните мајстории на двете екипи. Утре се игра и средбата Охрид - Вардар а во четврток ке играат Бутел и Еурофарм Пелистер 2. На табелата кавадарчани се петти со два бода заостанување зад Еурофарм Пелистер 2 и 4 зад Бутел.Во плеј аут групата утре ке играат Скопје и Струга а во четврток својот натпревар ке го одиграат Радовиш и Пролет
М.В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      