Општина Росоман утре 17.12.2018 година (Понеделник) ја прославува 22 годишнината од постоењето, По тој повод Локалната самоуправа на Општината ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченоста која започнува во 10 часот.

Во Програмата за одбележување е предвидено одржување на свечена седница на Советот на Општината со обраќање на Градоначалникот на Општината Бранко Јанев,а потоа следува Културно - уметничка програма. Свечениот дел ке се одржи во просториите на ООУ„Пере Тошев“.