МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Потпишан е договор помеѓу фирмата ЈА-МИ ДООЕЛ Кавадарци и Општина Росоман.

Oпштина Росоман е подготвена да врши зимско одржување на улиците и локалните патишта на целата територија на Општината. Општина Росоман распиша oглас за Јавна набавка за “Одржување на локални патишта и улици во Општина Росоман во зимски услови за 2018-2019 година”.Како најповолен понудувач е избрана фирмата ЈА-МИ ДООЕЛ Кавадарци.

Потпишан е договор помеѓу фирмата ЈА-МИ ДООЕЛ Кавадарци и Општина Росоман.Таа има обврска и надлежност, се додека трае законскиот рок за зимско одржување на улиците и патиштата да ја обавува ова дејност на теритоаријата на цела општина Росоман.

Искуството од слична надлежност која фирмата ЈА-МИ- ја имаше во Општина Кавадарци и квалитетното справување со снегот, дава за право да претпоставме дека работата ке биде завршена навреме и на задоволство на граѓаните на Општината.