МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во недела ке се одржи 19-Турнир посветен на легендата на нашиот фудбал Вуко Каров и Тиквешките фудбалски легенди кои оставија печат на играњето на овој популарен спорт во Кавадарци

19-то издание на Меморијалниот фудбалски турнир „Вуко Каров" во Кавадарци ќе се одржи во недела на 25 февруари со почеток во 13.00 часот а покрај нашиот Тиквеш, а ќе учествуваат ГФК Тиквеш 1930 , ФК Тетекс од Тетово и ФК Еуромилк од Скопје.Сите натревари ќе се играат натпревари само во еден ден и тоа по италијански систем по 45 минути.

Во 12.30 е закажано свеченото отварање на Турнирот-ВУК О КАРОВ и ФУДБАЛСКИ ЛЕГЕНДИ НА ГФК ТИКВЕШ .Претходно делегација на клубит ке положи цвеќе на гробот на покојниот Каров. На отварањето на турнирот ке зборуваат претседателот на Управниот одбор Миле масларков и градоначалникот на Општина Кавадарци – Митко Јанчев..

Од 13.00 часот започнуваат натпреварите .Најпрвин ќе се соочат ФК Тиквеш и ФК Тетекс, втор на програмата е дуелот на ФК Тетекс против ФК Еуромилк, а турнирот ќе го завршат ФК Еуромилк и ФК Тиквеш. За победа се добиваат три бода, а реми носи еден.

По завршувањето на турнирот ке се прогласат најдобарта екипа,и најдобриот фудбалер.

Навивачката група Лозари во недела во 12.00 часот закажаа средба - ДТУ "Партизан" кај споменикот "Димче Мирчев" и "Киро Крстев" за заминуавње на Градскиот стадион .

Инаку деновиве во пријателскиот натпревар во Валандово екипата на ГФК Тиквеш забележа нова убедлива победа. Црвено белите беа поуспешни од екипата на ФК Победа Валандово и славеа со резултат 0:4.Стрелци за головите на ГФК Тиквеш 1930 беа Роберт Митев , Дарко Додев , Сашко Дуков и Симеон Симеонов.

РТК.МК ке врши директен пренос на отварањето,средбите и затварањето на Турнирот „Вуко Каров„ и Фудбалски легенди на ГФК Тиквеш.