МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Веке се закажани и контролни средби со белградски Партизан и екипа од Узбекистан

Екипата на ГФК Тиквеш со полна пареа го одработува подготвителниот период. Сега и официјално, кавадарчани во понеделник на 24 јануари заминуваат на 10 дневни подготовки во Анталија, Р.Турција каде што ќе го одработат вториот дел од зимскиот подготвителен период. Да потсетиме дека екипата ја напуштија 3 домашни фудбалери а на нивно место се ангажирани 4 нови имиња. Исто така клубот се раздели со тројца странци а неофицијално дознаваме дека во Турција, ГФК Тиквеш ке тестира и неколку странски фудбалери кои доколку го задоволат вкусот на стручниот штаб и управата ке бидат ангажирани . Веке се закажани и првите пријателски контролни натпревари. На 25 јануари во туристичкиот центар Анталија - Тиквеш ке ги одмери силите со белградски Партизан а неофицијално оваа средба треба да биде пренесувана на Арена Спорт каналите. Два дена подоцна на 27 јануари ГФК Тиквеш ке игра со екипа од Узбекистан. Планирано е да се одиграат уште неколку контролни средби но детали за истите ке бидат објавени дополнително.

М.В.