Претседателите и членовите на Управите на 10 второлигашки фудбалски клубови( исток) денеска во Кавадарци одржаа средба во која ги потврдија своите ставови и единство по неколку значајни работи кои се од важно значење за клубовите.Пред се, тие единствени ,и на ден пред истекот на рокот за уплата,немаат намера да ја платат котизацијата на ФФМ, која им претставува тежок финасиски намет на сите клубови од ова лига.Тие рекоа дека и членовите на Втората фудбалска лига - запад се со сличен став.Освен за ова претставникот на Управата на ФК Кожуф генералниот секретар ;Горан Јанкулов кој ја водеше прес конференцијата, од име на сите второлигаши-исток, јавно проговори и за други проблеми поврзани со ФФМ, за кои имаат искажано намера за разговор со одговорните во ФФМ.