ТИКВЕШ ГОСТУВА ВО РАДОВИШ И КЕ АТАКУВА НА СИТЕ ТРИ БОДА

Во пресрет на стартот на новата сезона ФК „Тиквеш“ денеска одржа прес конференција. Претседателот Масларков информираше дека заради пандемијата и изградбата на стадионот турнирот „Вуко Каров“ се става во мирување. Теренот е завршенно ке треба одреден период за да се зафати тревата и да може на теренот да се играат средби.Започнаа и градежни работи за изградба на трибините, обезбедени се и столчиња а за рефлекторите ке се планира за следната сезона. Тренерот Цицмиловиќ спомна дека ги научиле грешките од минатата сезона и смета дека сезонава имаат поквалитетен состав па на секоја средба ке се оди на победа. Ване Шиков истакна дека на играчите ке им биде многу тешко бидејки ке мора да играат пред празни трибини но како професионалци играчите се сконцентрирани само на натпреварите и на секоја средба ке се дава максимумот за да се дојде до посакуваната цел.

м.в.

118348558_3368996399827448_9086489072723491062_n