МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕКИПИТЕ КОИ КЕ УЧЕСТВУВААТ ВО ДВЕТЕ ВТОРИ ЛИГИ ДО 9 АВГУСТ КЕ ТРЕБА ДА ПЛАТАТ ПО 8000 ЕВРА

Фудбалската федерација на Македонија со допис ги извести сите клубови кои ке се натпреваруваат во двете втори лиги дека ја враќа котизацијата за сезоната 2021/22.Сите учесници во ВМФЛ ќе треба да платат по 8.000 евра, а рокот кој треба да го испочитуваат е пред ждрепката за новата сезона а тоа е 9 август. ФФМ ја укина котизацијата за претходната сезона на седница одржана во јули 2020 година поради пандемијата со корона вирусот. Сепак, постои револт кај клубовите од враќањето на котизацијата за оваа сезона, затоа што многумина велат дека чувствуваат последици од финансиската криза поради пандемијата, низ која, како што велат, беа оставени сами на себе кога станува збор за функционирањето. Новата сезона во ВМФЛ треба да стартува пред крајот на месец август

М.В.