МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ПЛАЧКОВИЦА“ - „ТИКВЕШ“ 0-1

Она што го ветија кавадаречките фудбалери на пресот пред стартот на сезоната,и го исполнија на теренот. На стартот на сезоната тешко гостување кај незгодната „Плачковица“ предводена од „нашиот“ Љупчо Димитковски Гањо во Радовиш. Тежок, цврст натпревар а првите бодови битни за двете екипи. Полушанси на двете страни бидејки никој не се осмелуваше целосно да се отвори се до 77 мин. Корнер од левата страна за „Тиквеш„. Топката нафрлена на прва статива каде еден домашен играч ја префрла и го измамува сопствениот голман кој исплива во празно а на втората статива натрча Методија Делов и непречено ја закова топката во празната мрежа.Еден гол вреден три бода за самодоверба за добар почеток и за потврда на високите амбиции сезонава.

Во следното коло кое според распоредот на програмата е во недела на 30 август од 16.30 во соседно Неготино „Тиквеш“ ке го пречека „Кожув„ кој во ова коло со 2-0 го победи „Осогово“.

м.в.

Видео-гол преземен од стриминг -от на ФФМ, и на www.gol.mk