МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЛЕДУВААТ ДВЕ КОЛА ВО КОИ ФАВОРИТИТЕ КЕ ИГРААТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Мртва трка за врвот во втората македонска фудбалска лига – група исток.По 8 одиграни кола „Тиквеш“ и „Брегалница“ осамени на врвот со собрани 20 бодови. На третото место е „Кожув“ со 7 бодови заостанување. Кавадарчани имаат подобра гол разлика и се најефикасни во лигата со 19 постигнати и само 3 примени голови. И плус да напоменеме дека „Тиквеш“ сеуште не примил гол од игра бидејки сите три гола ги прими од реализирани пенали на противниците. Во наредното коло кое на програмата е на 24.октомври и е последно од првиот круг во ова натпреварување фаворитите играат на домашен терен. „Тиквеш“ ја пречекува „Саса“ а „Брегалница“ ке го нагости „Росоман“. Веднаш потоа на 31 октомври ке почне и вториот круг а фаворитите пак ке играат на домшен терен. „Тиквеш“ ке ја нагости „Плачковица“ на нашиот Димитковски а „Брегалница“ ке игра со „Саса“. Во овој втор круг „Тиквеш„ ке има две тешки гостувања и тоа првото на 8 ноември во Гевгелија кај „Кожув“ а потоа на 28 ноември во Штип ке се одигра и големото дерби за самиот врвво кое нашите момци ке гостуваат.