МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИКВЕШ СО ЕПИТЕТОТ МОРА ДА СЕ ПОБЕДИ , ИСТО КАКО И РОСОМАН КОЈ ЈА ПРЕЧЕКУВА ПОБЕДА

Утре се играат средбите од 11 коло во ВМФЛ група исток. Во центарот на вниманието ке биде средбата во Гевгелија каде третопласираниот „Кожув“ го пречекува лидерот „Тиквеш“. Гевгеличани заостануваат цели 9 бода зад водечкиот двоец и се една од двете екипи која сезонава успеа да не загуби од „Тиквеш“.Затоа нашите момци ке имаат многу тешка задача против мотивираниот домакин.Доколку сакаме да останеме лидери во Гевгелија мора да се победи бидејки верната сенка „Брегалница“ со нетрпение чека наш кикс. И штипјани во ова коло гостуваат но на последнопласираната „Плачковица“ каде не би требало да имаат проблеми. Но од друга страна радовишани доколку сакаат да обезбедат опстанок во втората лига мора да почнат да победуваат поготову на домашен терен. „Росоман“ утре игра на домашен терен а во гости доаѓа прилепска „Победа“. И двете екипи имаат ист број на бодови но росоманчани со победа ке се одлепат не само од директниот конкурент туку и ке се оддалечат од дното на табелата. Во останатите средби „Осогово“ го пречекува „Кит Го“ а „Саса“ на домашен терен игра со „Слога“ од Виница.Сите средби се играат утре, сабота, со почеток во 13 часот.

1 Тиквеш 10 8 2 0 27:4 23 26

2 Брегалница Штип 10 8 2 0 26:7 19 26

3 Кожуф 10 4 5 1 13:9 4 17

4 Слога Виница 10 3 4 3 12:16 -4 13

5 Кит-Го Пехчево 10 3 3 4 13:18 -5 12

6 Осогово 10 1 7 2 12:16 -4 10

7 Саса 10 2 2 6 8:16 -8 8

8 Победа 10 2 2 6 10:13 -3 8

9 Росоман 10 2 1 6 14:29 -15 8

10 Плачковица 10 1 3 6 7:14 -7 6

м.в.