МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВОНРЕДНО ФУДБАЛСКО КОЛО ВО СРЕДА ТИКВЕШ ПОВТОРНО ДОМАКИН ВО НЕГОТИНО ПРОТИВ ЕКИПАТА НА КИТ ГО

По одиграните средби од 12 коло во ВМФЛ група исток екипите на „Тиквеш“ и „Брегалница“ се издвоија на врвот на табелата како единствени кандидати за шампион во оваа конкуренција. „Тиквеш“ очекувано го совлада „Осогово“ со 3-1. А кочанчани треба да бидат презадоволни бидејки доколку главниот судија се придржуваше кон правилата и покажеше жолти картони по досудените пенали играчите на „Осогово“ кои ги скривија пеналите ке заработеа втори жолти и автоматски црвени картони па гостите средбата ке ја завршеа со два играча помалку во поле. „Брегалница“ според предвидувањата за само 45 мин го реши натпреварот со „Кожув“ во своја корист со 3-0. Со 3-0 завршија уште два натпревари. Во Пехчево „Кит Го“ го совлада „Росоман“ а во Виница „Слога„ беше подобра од „Плачковица“. Средбата во Прилеп помеѓу „Победа“ и „Саса“ заврши без победник 2-2. Сега на табелата третиот „Кожув“ веке заостанува преголеми 14 односно 12 бода зад водечките. Следното коло се игра веке во среда а „Тиквеш“ повторно во Неготино ке го нагости тимотна „Кит Го“. „Брегалница“ гостува во Кочани кај екипата на „Осогово“ и очекува лесни нови 3 бода. И екипата на „Росоман“ ке има тешко гостување во Каменица кај тимот на „Саса“. „Кожув“ во Гевгелија ја пречекува „Слога“ додека во Радовиш „Плачковица“ ке бара бодови за спас во дуелот со „Победа“.

1 „Брегалница“ Штип 12 10 2 0 32:8 24 32

2 „Тиквеш“ 12 9 3 0 31:6 25 30

3 „Кожув“ 12 4 6 2 14:13 1 18

4 „Слога“ Виница 12 4 4 4 15:18 -3 16

5 „Кит-Го“ Пехчево 12 4 3 5 16:19 -3 15

6 „Осогово“ 12 2 7 3 14:19 -5 13

7 „Саса“ 12 3 3 6 12:18 -6 12

8 „Победа“ 12 3 3 6 14:16 -2 12

9 „Росоман 83“ 12 2 2 8 15:34 -19 8

10 „Плачковица“ 12 1 3 8 8:20 -12 6

м.в.