МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СТАРТУВА ТРЕТИОТ ПОСЛЕДЕН КРУГ ОД РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ НА СЕЗОНАТА ВО ВМФЛ - ИСТОК

Утре се игра редовното 19 коло во втората македонска фудбалска лига. Всушност станува збор за прво коло од третиот круг на натпревари за сезоната 2020/2021. Во ова коло водечките екипи не би требало да имат тешка задача. ГФК Тиквеш на градскиот стадион во Кавадарци ја пречекува „Слога“ од Виница и се освен победа на домаќинот би било огромно изненадување. Штипска „Брегалницаѐ“ има малку потежок противник бидејки ја пречекуваат екипата на „Саса“. Екипата од Каменица покажа дека може да биде тврд орев за секој еден противник.„Росоман“ во борба за бегство од дното ке гостува во Кочани кај екипата на „Осогово“.„Кит Го“ е фаворит во дуелот со прилепска „Победа“ исто како и „Кожув“ кој ја пречекува „Плачковица“. Сите средби се играат утре, сабота, со почеток во 15 час.

М.В.