По натпреварот кавадарчании реагираа на пристрасното судење

Викендов спродолжија возбудувањата во ПМФЛ. Во рамките на редовното 19 коло се постигнаа следниве резултати : Шкендија очекувано ја совлада Струга ТЛ со 3-1, Скопје ги подели бодовите со Борец играјки 1-1, Пелистер загуби од Работнички со 0-2, Брегалница киксна дома со Ренова и загуби 1-2 а во дербито есенскиот шампион Шкупи го совлада второпласираниот тим на Академија Пандев со 2-1.

Екипата на ГФК Тиквеш гостуваше во Ѓорче Петров против екипата на Македонија. По рамноправното прво полувреме резултатот беше 0-0. На стартот на вториот дел прво Тиквеш остана со играч помалку а потоа и Македонија остана со десетмина на теренот. Следуваше катастрофална грешка на кавадаречката одбрана која ја казнија домакините и со тој гол славеа со минимални 1-0. Во следното коло Тиквеш во Кавадарци ке го пречека последно пласираниот Пелистер.

м.в.